ВАРДАР Е ЕВРОПСКИ ШАМПИОН: „Црвено-црните“ испишаа историја!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ракометарите на Вардар по втор пат во три години ја покорија Европа, откако во финалето одиграа „докторска“ партија против Веспрем и на крајот славеа со 27:24.

Добрата игра презентирана во второто полувреме против Барселона продолжи и на стартот на првото полувреме против Веспрем. Ракометарите на Вардар имаа се под контрола, лесно постигнуваа голови, а играа цврсто во одбраната.

Разликата постојано се зголемуваше, на минута пред одморот имавме највисоки шест гола разлика, а на полувреме се замина со резултат 16:11.

На стартот на второто полувреме Вардар имаше пад во играта, во првите девет минути постигна само еден гол, па Веспрем првпат дојде до негатива од само еден гол во 40. минута, потоа уште еднаш седум минути подоцна на 22:21, но во продолжение „црвено-црните“ имаа најмалку два гола предност и истата не ја испуштија ниту во драматичната завршница за конечни 27:24.

Рожерио со 6 и Чупиќ со 5 голови беа најефикасни во редовите на Вардар, за испишување нова спортска историја и втора европска титула на „црвено-црните“.