Вардар два пати беше европски шампион ама не е во топ 10 клубови во Лигата на шампионите (ФОТО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Противникот на Вардар од овогодинешното финалето во Лигата на шампионите, Веспрем објави листа на најдобрите 20 клубови во Лигата на шампионите.

Причината поради која Веспрем ја објави оваа листа е да се пофалат дека тие се втори.

Ракометната Лига на шампиони започна да се игра во 1993 година, а сметајќи од тогаш Вардар иако е двоен освојувач на круната не се наоѓа во топ 10. Црвено-црните според учинокот се пласирани четири позиции подоле од најдобрите десет на сите времиња во елитното натпреварување, односно на 14-тата позиција.

Како актуелен европски шампион Вардар има вкупен учинок од 69 победи, 15 нерешени натпревари и 58 порази со негативна гол разлика од -14 гола во 142 одиграни натпревари.

Многумина ќе кажат и очекувано, на врвотот на листата се најде Барселона која зад своето име оствари учинок од 296 натпревари, 220 победи, 20 нерешени средби и 56 порази.

Вториот наш претставник оваа година во Лигата на шампионите, Еурофарм го има на листата, но тој не е во конкуренција затоа што битолскиот клуб ќе дебитира наредната сезона во најелитното европско натпреварување.

Треба да се истакне дека на листата се само тимови кои во наредната сезона ќе бидат дел од Лигата на шампионите, па од таа причина не е рангиран Металург.