Вангеловски избран за нов претседател на Врховен, Рибарев в.д. на Кривичен


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Нов в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1 е Стојанче Рибарев, кој од октомври минатата година е судија во Врховен суд, а за нов претседател на Врховен суд е избран  Јово Вангеловски, поранешен претседател на Судот.

На денешната седница на Судскиот совет прво беше констатирана оставката на в.д. претседателката на Кривичниот суд, Татјана Михајлова.

Инаку, новиот претседател на Врховен суд, Вангеловски беше претседател на истиот суд и пред четири години, но по истекот на мандатот не се кандидираше за нов. За него медиумите пишуваа дека е во кумски релации со поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, а се споменува и во „бомбите“ што ги објави опозицијата.