Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вандали ги искршиле спомен бистите на македонските поети.
Обезглавена е бистата на поетот Анте Попоски демонтирана од постаментот во алејата на писателите и фрлена во водите на Охридското езеро додека на спомен-обележјето на Славко Јаневски има оштетување. Од охридската полиција велат дека извршен е увид и се трага по сторителите и откривање на мотивите на овој вандалски чин.
Од поетската манифестација Струшки вечери на поезијата остро реагираат на ваквото вандализирањето на бистите на македонските поети и очекуваат сторителите веднаш да бидат казнети
За жал ова не е прв пат да бидат сквернавени бисти на македонски поети во Алејата на писателите и Паркот на поезијата .Спомениците на културата настрадаа и пред неколку години кога дел од нив беа оштетени ,искршени, а дел исчезнаа.