Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мауро Икарди се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи не само во Серија А, туку и во Европа, па за него интерес покажуваат многу богати европски клубови.
Неговата сопруга и менаџер Ванда Нара во интервју за „Газета дело Спорт“ изјави дека цената на Икарди секојдневно расте, но верува дека нејзиниот сопруг ќе добие нов договор од „нероаѕурите“.
„Икарди прави галама на теренот, каде што и треба да прави. Околу продолжувањето на новиот договор сме опуштени. Кога ќе го сретнам спортскиот директор на стадионот секогаш се шегуваме и смееме. Понекогаш се шегувам дека Икарди од ден на ден вреди се повеќе и повеќе. Ама тоа е искрено, нема тензија“, истакна Ванда.
„Кога го обновувате договорот ја подобрувате ситуацијата, ама се уште немаме разговарано за условите и цифрите. Не можам да ја предвидам иднината, ама можам да кажам ни се допаѓа проектот на семјството Жанг. Тие сакаат напредок и да го вратат Интер меѓу најдобрите клубови на светот“, додаде убавата Аргентинка.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Икарди за да потпише нов договор бара плата од 8 милиони евра по сезона, односно да биде најплатен фудбалер во Серија А, сума која Интер во моментов не може да му ја даде.
Од друга страна на „нероаѕурите“ им се брза да потпишат нов договор бидејќи во актуелниот има откупна клаузула од 110 милиони евра, која неколку клубови се спремни да ја платат.