Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Да, верувале или не, на светот постои и такво место кое, за разлика од спротивните примери кои ги има во голем број, е забрането за пристап на мажи и дозволен е пристап само за жени.
Островот Суперши (SuperShe) е единствената дестинација наменета само за жени и е ориентирана кон нивното здравје, а припаѓа на територијата на Финска. Идејата за создавање ваква оаза за жените дошла токму од жена, Кристина Рут. По неколку одмори минати во Калифорнија, таа сфатила дека машко друштво воопшто не ѝ годи и не ја опушта.
„Целта на оваа идеја е да се препуштиме на самите себе“, истакнала Рут. Таа објаснила дека се вљубила во Финец, чии родители поседувале остров во чија близина имало друг, кој бил на продажба.
„Реков дека не сум заинтересирана бидејќи само што купив плац во друга област, но кога го видов месото, едноставно се вљубив во него“, рекла таа.
Досега островот успеале да го посетат само нејзините пријателки. Местото би требало да биде отворено за јавност во јуни. Пред пристигнувањето, на заинтерисираните потребна им е апликација за членство, во која е неопходно да нагласат зошто сакаат да го посетат островот. Жените ќе имаат на располагање многубројни активности, како јога, медитација, здрава исхрана, готвење и фитнес. Цената на престојот сè уште не е позната, пишува „Њујорк пост“.