Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде мирно ја прифати големата судиската грешка во дербито на „Местаља“ синоќа.
Имено, при резултат 0:0 на Барселона не и беше признат чист погодок, иако топката ја мина гол линијата.
„Сите сме едногласни дека во такви ситуации, во кои топката ја поминала гол линијата, на судиите им е потребна помош. Не станува збор за судење за судиите, но се уште има моменти во кои топката ја минува гол линијата и тоа останува незабележано. Сите го гледаме очигледното“, рече Валверде.
„Никој не може да знае што ќе се случеше доколку голот на Меси беше признат. Не знам дали ќе победевме или не, но сигурно ќе имавме голема предност“, додаде тренерот на Каталонците.
„Валенсија е сериозен кандидат за титулата. Вечерва го докажаа тоа. Го покажаа целиот свој потенцијал и никој не може да негира дека се кандадат за титулата“, заклучи на крајот Валверде.