Валверде ова НЕ смееше да го направи: Денес го критикува цела Каталонија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона синоќа ремизираше на гостувањето кај Селта, а натпреварот го одбележа „експериментот“ на Валверде кој на терен испрати 11 фудбалери кои веројатно никогаш претходно не играле заедно.

Покрај повредените Ракитиќ, Иниеста, Пике и Бускетс, тренерот им даде одмор и на Меси, Умтити, Суарез, па почетката постава на Барселона беше: Тер Штеген – Семедо, Мина, Вермален, Дињ – Гомеш, Паулињо, Денис Суарез – Дембеле, Кутињо, Алкасер.

Таа екипа успеа да го сочува рекордот од 40 меча без пораз, но и постави еден нагативен рекорд. Имено, ова беше прв пат уште од 2002 година во првата постава да нема ниту еден Каталонец, односно ниту еден играч кој потекнува од школата на Барселона – Ла Масија.

Тогаш тренер на Барселона беше Карлес Рексач, а тимот изгледаше вака:

Денес централна тема во каталонските медиуми е токму тоа, па сите го критикуваат Валверде. Познато е колку Барселона потенцира на својата позната школа Ла Масија и се гордее со неа, па очигледно Валверде заборавил на тој податок.