Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде беше видно разочаран после тешкиот пораз на неговиот тим и елиминацијата во полуфиналето од ЛШ.
Валверде не знаеше како да го опише новиот дебакл на Барселона со поразот од Ливерпул и истакна дека најболно е тоа што на тимот му се повторила истата ситуација како минатата година.
„Најтешко е што ни се повтори Рим. И лани имавме три гола предност, еве и сега и повторно – паднавме. Сакавме да бидеме фокусирани и да го избегнеме тоа. Жал ми е, фудбалерите се што прават е да ги задоволат навивачите, да ги направат горди. Сите очекуваат победи, но кога ќе загубиме тоа е многу болно. Ливерпул е одличен, многу агресивен, а дури ни шансите кои ги имавме не ја променија нивната игра. Кога ќе те победат со 4-0, нема оправувања“, изјави Валверде.
„Следат хорор денови за нас и нашите фанови, но ќе мора да се опоравиме. Четвртиот гол не изненади, не само нас, туку и целиот свет. Не ни видов што се случи. Не знам како ќе влијае ова врз мене, не стравувам за тоа. Немавме време да мислиме на тоа. Тука сме каде што сме, јас како тренер мора да ја преземам одговорноста за овој пораз“, додаде стратегот на Каталонците.