„Валканите“ тајни на стјуардесата: Го нашол дневникот од сопругата – содржината го шокирала


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сопругот од една од стјуардесите од компанијата Transavia го пронашол нејзиниот таен дневни во кој ги запишувала „валканите“ авантури од работните патувања и останал шокиран од содржината која ја прочитал на неговите страници. Толку се шокирал што истата решил да ја објави во јавност.

Според записите од дневникот, неговата сопруга имала сексуални односи со неколку вработени од компанијата, а авантурите се случувале во авионите и во хотелите во кои спиеле помеѓу летовите. Таа сето тоа детално го опишала во својот таен дневник, а откако се дозна дека нејзиниот сопруг го открил дневникот и сака да ја објави во целост неговата содржина во медиумите, авиокомпанијата и самата сопруга се обидуваат да го спречат во таа намера. Со целиот случај ќе се занимава и судот во Хаг.

Адвокатите од авиокомпанијата тврдат дека ќе поднесат тужба против сопругот од стјуардесата поради објавување на нејзините приватни е-мејлови кои ги разменувала со трети лица.

„Целиот случај го третираме доста сериозно, а интерната истрага покажа дека безбедноста на патниците не била загрозена во ниту еден момент“, истакнуваат од канцеларијата за односи со јавност за Mail Online.