„Валканата тајна на plus-size моделите“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Иако поборниците за „plus-size“ трендот во модната индустрија тврдат дека манекенките кои носат поголеми конфекциски броеви ги претставуваат мнозинството стварни жени, приказната од Лорен Фредерик докажува дека и на тоа поле има многу лага и илузија.

Лорен одлучи да се проба во манекенството пред седум години, но нејзиниот обид да заплива во модните води не помина баш најдобро. Нејзините колкови биле прешироки, стомакот недоволно вовлечен, а бедрата отфазла бујни. Иако е висока 174 сантиметри и носи број 40, за модниот свет таа била дебела. Откако ги прифатила своите облини и почнала да работи како „plus-size“ модел, доживеала нешто необично.

Открила дека за манекенската работа веќе не е предебела и преголема, туку недоволно дебела и голема.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SONNY TURNER (@sonnyturner___) on

„Тоа е лудо. Модната индустрија толку се има променето, што има отфазла работа за plus-size манекенките, но за нив не бев доволно голема“, тврди оваа 27-годишна девојка.

„Бараа да се здебелам уште некој килограм, нешто што не сакав да го направам. Потоа од мене бараа под облеката да носам перниче, нешто како мидер со полнети делови, кој ќе ме направи поголема отколку што сум. Некогаш бараа да ставам два слоја перничиња. Никогаш не ми беше пријатно тоа, имав чувство како да лажам. Пријателите ќе ги видеа моите фотки и коментираа дека воопшто не сум толку дебела“, открива Лорен.

Многумина тоа го нарекуваат „валкана тајна на plus-size моделите“.

На прашањето каде воопшто може да се купи таков мидер со полнења, додаде дека нема поим за тоа, бидејќи истите ги добивала од агенциите, а првиот пат се снашла за таа цел со некои мали перничиња.

Plus-size модниот пазар е „тежок“ 4,7 милијарди долари, а жените кои купуваат поголеми броеви на облека во кампањите сакаат да гледаат жени слични на нив или некој вид на погламурозни верзии од самите нив, тврди новиот документарец „Curvy Girls Stripped Bare“ на британскиот Channel 5.

Најпознатите имиња од светот на „plus-size“ модната индустрија дневно заработуваат и по 25.000 долари. Договори веќе не потпишуваат само со производителите на „plus-size“ облека, туку и со поголемиот број од „мејнстрим“ модните куќи.

Шефицата на агенцијата Milk Management, Ана Шилингло, тврди дека „plus-size“ моделите мора да носат број на облека најмалку 40-ка, а кога станува збор за најголемата бројка, вели: „Само небото е граница“.