Ваквиот начин на миење садови не ги дезинфицира истите од бактерии


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Стандардното миење со детергент и топла вода, за жал, не ги дезинфицира целосно садовите кои ги користиме во секојдневниот живот.

Не дека сакаме да шириме паника и лоши вести, ама денес особено важно е да се напомене дека повеќето средства за миење садови немаат антибактериски својства.

Тоа е вистина, па дури и да сте ги потопувале и триеле со сета сила. Вашите чисти садови може да се всушност легло на бактерии, вируси и нечистотии.

Во повеќето случаи ова не е причина за загриженост, но ако некој во вашиот дом неодамна бил болен или на штиците и чиниите сте приготвувале свежо месо, мора да се погрижите се’ да биде навистина дезинфицирано.

Како да бидете сигурни дека садовите се потполно чисти и сигурни за употреба? Следете ги овие упатства!

Иако постои дебата околу тоа што ги мие подобро садовите, машината или рацете, сепак, ако треба да одредиме кој уништува повеќе бактерии, машината е сигурен победник, пишува Убавина и здравје.

Можеби таа не е најдобар начин на отстранување дамки и остатоци од храна, за време на миењето може да постигне многу повисока температура од таа што вашите раце би можеле да ја поднесат. Водата е еден од најважните фактори за уништување бактерии.

За да бидат бактериите уништени, температурата на водата треба да биде над 60 степени.