Вакцината „спутник В“ создава долгорочен имунитет кај 90 проценти од вакцинираните лица


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Истражувањето во аргентинскиот државен совет за научни и технолошки прашања покажа дека 90 проценти од луѓето кои биле вакцинирани со „спутник В“ развиваат долгорочен имунитет, објави рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ).

„Новата аргентинска студија покажува дека клеточниот имунитет, кој обезбедува долготрајна заштита од Ковид-19, се формира во 90% од вакцинираните по имунизацијата со „спутник В“, изјвија од рускиот фонд за директни инвестиции.

Министерот за здравство од Буенос Аирес, Даниел Голан, изјави дека кога Т-клетките повторно ќе се сретнат со вирусот, тие брзо произведуваат антитела и клетки убијци кои го уништуваат вирусот.

“Одговорот на Т-клетките покажува дека заштитата останува долго време. Остануваат мемориски лимфоцити кои го снимаат вирусот и го паметат”, рече тој. Вакцината е одобрена за употреба во 67 земји, каде живеат 3,5 милијарди луѓе.

Руските агнеции анализираат дека податоците собрани од повеќе земји, вклучувајќи ги Србија, Бахреин, Унгарија, Мексико и други, покажуваат дека „спутник В“ е една од најбезбедните и најефикасните вакцини против коронавирус.