Вакцината против коронавирус која ја развива Русија ја помина првата фаза – даде позитивни резултати


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вакцината против коронавирусот која се развива од страна на Федерална агенција за биомедицина на Русија, ја поминала првата фаза од својот развој и даде позитивни резултати.

„Се очекува нејзиното целосно тестирање да биде завршено во месец јуни“ – изјавила директорката на агенцијата, Вероника Скворцова додавајќи дека вакцината би требало да биде подготвена за употреба за 11 месеци.

„Развојот на вакцината ја помина првата фаза. Тоа е рекомбинативна вакцина која што не е развиена врз основа на жив вирус туку врз основа на протеини кои што поседуваат така наречени епитопи, односно центри за кои што се поврзува самиот вирус“ – навела Скворцова.

Претходно, водечкиот експерт на Светската здравствена организација, Мајкс Рајам изјави дека ќе биде потребно најмалку една година од денес за да се развие вакцина против коронавирусот.

Исто така тој навел дека земјите не можат да го сузбијат коронавирусот така што ќе ги стават нивните граѓани во карантин туку дека се неопходни мерки за јавното здравје за да се избегне и враќањето на вирусот подоцна.

Во Кина, група од 108 доброволци, избрани според строги процедури, учествувале во првата вакцинација како дел од првата фаза на клиничкото испитување за вакцина против Ковид-19.

Таму вакцината ја развила биотехничката компанија со седиште во Тјенѓин и истражувачки тим на чело со Чен Веј, експер за спречување и контрола на биолошки опасности од Академијата за воени медицински науки при Народната ослободителна војска.