Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Планот на американската фармацевтска компанија Модерна е производство од 100 до 125 милиони дози од својата корона-вакцина во првиот квартал на 2021. Вакцината, која чека дозвола, покажува ветувачки резултати и за имунитетот по вакцинацијата.
Вакцината против Ковид-19 на Модерна произведува антитела кои траат 90 дена по вакцинирањето, што е добра вест додека нејзиното одобрување сѐ уште се испитува во некои земји, покажува студијата на 34 учесници во почетните клинички испитувања, објави медицинскиот часопис „New England Journal of Medicine“.
Траењето на заштитата секако е подолга од три месеци, но станува збор за првични продатоци во повеќемесечен период кои независно ги потврди некој научен часопис. Учесниците ќе бидат следени 13 месеци за да се испита заштитата на подолг период, нагласуваат авторите.
Научниците од Националниот институт за здравје ги испитуваа нивоата на два типа антитела на коронавирусот 90 дена по втората доза од вакцината која се зема 28 дена по првата. Тие забележале „лесен“ и очекуван пад на нивото на антитела кај вакцинираните учесници, но и натаму таа била висока. Во т.н. прва фаза на испитувањето кое започна во март, не е забележан некаков сериозен несакан ефект.
Врвниот американски инфектолог Ентони Фаучи, неодамна изјави оти „е сигурен“ дека заштитата ќе трае, но дека „не знаеме дали тоа ќе биде една, две, три или пет години“. Времето ќе покаже.
„Ова е, сѐ на сѐ, многу добра вест“, изјави Бенџамин Нојман, професор на тексашкиот иниверзитет АиМ за новата студија, додавајќи дека дури и кај постарите лица имунолошкиот одговор е „прилично силен“.
Модерна, инаку претходно, соопшти дека нејзината вакцина има ефикасност од 94 проценти. Поголемиот дел од вакцините кои ќе ги произведе Модерна е наменет за САД, објави компанијата. Обезбедени се меѓу 85 и 100 милиони дози на вакцини за американските граѓани. До крајот на годината, Модерна вели дека сака да произведе 20 милиони дози од својата вакцина против коронавирусот.