Вака звучи ветрот на Марс: InSight ги прати првите звуци од „Црвената планета“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Истражувачката сонда InSight која НАСА ја лансираше кон Марс и успешно следа на Црвената планета, сними звуци од ветерот на Марс, со ниска фреквенција.

Се проценува дека брзината на ветерот била од 16 до 24 километри на час, а научниците наведуваат дека станува збор за први звуци од Марс кои можат да се слушнат со човечко уво.

„Тоа ме потсетува на седење надвор во ветровито летно попладне. На некој начин, така би звучело да седите во сондата на InSight на Марс, вели Дон Банфилд, научник во универзитетот Корнел.

Научниците вклучени во проектот се согласуваат дека звукот е со вонсериски квалитет. Томас Пајк од кралскиот колеџ во Лондон вели дека звуците се “сосема различни од она што го искусивме на земјата”.

Звуците беа снимени од сензорот за воздушен притисок и сеизмометарот на сондата.

Ниската фреквенција се должи на ниската густина на воздухот на Марс, но исто така и на сеизмометарот, чија цел е да се откријат сеизмички бранови во тлото под него.