Вака забрзува најмоќниот автомобил на светот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Devel Sixteen е најмоќната автомобилска машина на светот, а обожавателите на автомобилските големи брзини сега можат да видат како овој „ѕвер“ забрзува со полна моќност.

Концептот на овој хиперавтомобил беше изработен пред повеќе од една деценија, а сега истиот се наоѓа пред производство.

За што точно станува збор веројатно најдобро говорат податоците за погонот. Додека Bugatti се кочопери со моќниот 16-цилиндарски мотор од 1.500 коњски сили, во Devel исто така има V16 моторо, но двојно помоќен. Неговите 3.000 коњски сили се дел од верзијата која чини 1,8 милиони долари, а додека онаа од над 2 милиони долари (и која има забрана за возење по јавни патишта) располага со 5.000 коњски сили.

Еве како изгледа брзинското развивање кое го нудат 3.000 „коња“ на верзијата која е графирана на максимални 515 километри на час, додека дизајнерите и инженерите бараат соодветни гуми за овој „ѕвер“, вие имајте на ум дека на видеото брзинскиот тест е направен со само 20% гас.