Вака во Белата куќа го одбележаа празникот „Ноќ на вештерките“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Семејството Трамп и тоа како знаат да ги прославуваат американските празници со стил, па на тоа не ја оставија имуна ниту фамозната и официјално строга Бела куќа, која ја претворија во морничаво опседната зграда.

Децата од 20 училишта кои се лоцирани во околината на Белата куќа, како и семејствата од воените лица беа поканети на настанот за заедно со претседателското семејство да ја одбележат „Ноќта на вештерките“.