Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фабрички модифициран и моќно засилен Bugatti Chiron на пробното возење на тест патека во Германија разви импресивна брзина од вртоглаво брзи 490,484 километри на час.
Само неколку дена откако Топ Гиар објави снимка од возење на сериски Bugatti Chiron спорт на тест патеката на Фолксваген Ера-Лесиен, за време на која стрелката на брзиномерот застана на 423 км/ч, од истата патека доаѓа нова брзинска сензација.
Овој пат на патеката се најде модификуван широн спорт кој забрза над 490 км/ч. Зад управувачот беше тест возачот Енди Волас, а рекордор официјално го верификуваше германската асоцијација ТИФ.
За да го постигне неверојатниот резултат, Бугати се здружи со експертот за конструкција на суперспортски автомобили – италијанската компанија Далара, и произведувачот на гуми Мишлен.
Како што пишува Топ Гиар, трите компании во последните шест месеци интензивно работеле на унапредување на моделот широн спорт за да ја урнат бариерата од 300 милји на час (482,8 км/ч).
Како резултат на нивните напори, автомобилот е продолжен во задниот дел за 25 сантиметри, а извршени се и други аеродинамични модификации вклучувајќи отстранување на адаптивното крило на задниот спојлер од серискиот автомобил и вградување нов, фиксен заден спојлер. Освен тоа, извршени се и промени и на системот за амортизација и издувот.