Вака се губат над 12 милијарди долари во само еден ден


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


50-мина руски милијардери доживеаја финансиска загуба од вкупно над 12 милијарди долари, која беше резултат на фаталниот „земјотрес“ кој го доживеа рубљата како последица на политичко-економските санкциите во САД, пренесува руското издание на Форбс.

Откако инвеститорите почнаа да ги продаваат своите руски средства, рубљата падна, а рускиот берзански индекс РТС дожвеа колапс.

За прв пат од 16 ноември 2017 година, руската валута падна под 60 рубљи за еден долар. Стапката на размена на еврото надмина 75 рубли за едно евро – за прв пат на 4 август 2016 година.

Пазарот на акции во Лондон, исто така, забележа колапс на речиси сите руски компании. Цените на Лукоил, Роснефт, Новатек, НЛМК, Фосагро, Поллукс Золота, Сургутнефтегаз и други паднаа, јави Би-Би-Си.

Најмногу загуби олигархот Олег Дерипаска. Санкциите го погодија холдингот En+ Group, каде Дерипаска е член на одборот на директори, како и алуминиумската компанија „Русал”, каде голем дел е во негова сопственост. Истата судбина ја споделија и шест други компании поврзани со него.

Управата на „Русал”, чии акции загубија повеќе од половина од вредноста, објави дека има опасност од технички дефолт. Дерипаска беше „олеснет“ за 1,3 милијарди долари.

Приближно таква сума загуби и партнерот на Дерипаска во „Норилски никел”, Владимир Потанин. Трет во антирејтингот на загубари е Виктор Векселберг, чие богатство се намали за 1 милијарда долари.

Потсетуваме дека на 6 април американското Министерство за финансии воведе санкции против 24 руски бизнисмени и чиновници, чии имиња фигурираат во т. н. Кремљски извештај за интервенција на Москва во американските претседателски избори. Санкциите беа воведени и поради континуираната руска агресија во источна Украина, поддршката на Кремљ за режимот на Башар ал Асад во Сирија, обидите за манипулација на избори во други земји.

Меѓу погодените од санкциите се шефот на „Газпром” Алексеј Милер, рускиот министер за внатрешни работи Владимир Колоколцев, командантот на руската гарда Виктор Золотов, шефот на Роскомнадзор – Александар Жаров и др. Ограничувања беа наметнати на 14 руски компании.

Со продажба на руски средства, инвеститорите се обидуваат да ги минимизираат ризиците за нивниот бизнис, велат аналитичарите.

Партнерите на 12 компании во новата листа на санкции треба да ги прекинат договорите со нив до 5 јуни. Во суштина овие компании се контролирани од Олег Дерипаска, Виктор Векселберг, Игор Ротенберг, Кирил Шамалов. Ова не е само за нивните американски колеги, туку за трети лица и колеги. Ако тие ги продолжат бизнис контактите со компаниите од листата, ризикуваат исто така да бидат подложени на санкции.

Покрај тоа, инвеститорите мора да го затворат своето работење со акции и должнички хартии од вредност на En +, GAZ и Rusal до 7 мај.