Advertisements
Спорт

Вака не се освојува Мундијал: Бразилците пијани се појавиле на тренинг!? (видео)

Само што пристигнале Бразилците во Русија си обезбедиле голема колична на водка и пиво.

Според пишувањето на руските медиуми, Бразилците конзмирале голема колична на алкохол пред тренингот во среда, така што седеле на плажа во Сочи и уживале со пиво и водка.

Медиумите во оваа земја пишуваат и дека пијани присуствувале на тренингот, како и дека голманите Алисон и Едерсон биле во „прв план“.
Русите како аргумент приложуваат и видео кое може да го погледнете под текстот.

Иначе Бразил својот прв натпревар на Мундијалот ќе го игра против Швајцарија, потоа ќе ги одмерат силите со Костарика и на 27 јуни ги очекува натпревар против Србија.

Advertisements
To Top