Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кога доаѓа лето, во пакет со убавините и удобностите кои ги носи, доаѓаат и жештината, но и комарците како едни од најдосадните, но и непријатни инсекти.
За полесно справување со нив постојат серија спрејови и препарати. Сепак, постои начин да ги избркате, и тоа многу поевтино и поефикасно од веќе споменатите спрееви и другите препарати.
Потребен ви е само еден лимон и каранфилче.
Лимонот исечете го на половина, и во секоја половина вметнете парчиња од каранфилчето. Така подготвениот лимон ставете го на местото каде што спиете, па на тој начин овие досадни инсекти ќе избегаат од вас.
Многу е едноставен и евтин, а сè што ви е потребно се овие две намирници.
Овој народен препарат исто така делува и за мравките и мувите, а одличен е и како освежувач за просторија.