Вака „лета“ најбрзиот Volkswagen


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Volkswagen I.D.R. стигна на планина и таму, во тишина, ги одработи последните подготовки.

Можеби се слуша како машина за мелење кафе, но затоа е проклето брз. Пред самата трка и угорници на Пајкс Пик на 24 јуни, летечкиот Volkswagen на тренинг го испроба Роман Дима, официјален возач на Volkswagen на легендарната трка.

Подготовките одат според планираното, велат од VW Motosport, а видеото потврдува дека се сериозни во намерата во рекордно време да стигнат на врвот.

„Забрзувањето и брзините на свиоците се импресивни и автомобилот е доста убедлив. Благодарение на електричниот погон не мора да се менуваат брзини, туку само да се фокусира човек на патот“, вели Дима кој е ветеран на Пајкс Пик.

VW I.D.R. ќе се обиде да го собори постоечкиот рекорд со помош на двата електромотори со вкупна моќност од 680 коњски сили (650 Nm), како и избрусената аеродинамика. Потсетуваме, тежок е само 1.100 килограми, а од 0 до 100 км/час развива за 2,25 секунди.