Вака ќе изгледаат новите банкноти од 100 и 200 евра


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Европската централна банка го претстави новиот дизајн на банкнотите од 100 и од 200 евра. Банкнотите добиваат нови подобрени безбедносни карактерни црти и детали кои дополнително ќе го отежнат фалсификувањето на истите.

Новодизајнираните банкноти имаат различни холограми на сребрената лента и „смарагден број“ што ја прикажува деноминацијата, овој пат во посилна форма со мали симболи „евро“ во внатрешноста на броевите.

Намалена е висината на банкнотите, кои сега се со иста висина како банкнотата од 50 евра. Пред пуштањето во промет на 28 мај наредната година, потребно е да се приспособат повеќе од еден милион банкомати за оваа промена.

Националните централни банки на 19 земји-членки на еврозоната се одговорни за издавање ковани пари, а Европската централна банка ги дизајнира и ги пушта во промет хартиените банкноти.