Вака ќе изгледа Ејуп Султан, најголемата џамија во Европа


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Џамијата Ејуп Султан во Стразбур, чиј камен темелник беше поставен во октомври оваа година, ќе биде завршена во рок од три години и ќе биде најголемата џамија во Европа.

Претседателот на исламската заедница „Мили Горус“, Кемал Ергун, на конференција за новинарите во германскиот град Келн говореше за овој проект.

„Камен темелникот е поставен во октомври оваа година, а нејзината градба ќе биде завршена за три години. Таа ќе биде најголемата џамија во Европа, вклучувајќи го и Балканот. Џамијата ќе биде градена во стил на архитектурата од 18. век. Само молитвениот простор од џамијата ќе има капацитет од 3.500 луѓе. А во целиот комплекс од џамијата истовремено ќе можат да извршат намаз 5.000 лица“, објасни тој.

Целиот џамиски комплекс ќе се простира на 14.500 квадратни метри, а џамијата ќе се гради на само неколку километри оддалеченост од Европскиот парламент.