Вака ќе го поднесете подобро неделното утро: Ова се советите кои ќе ви помогнат да го совладате мамурлакот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мамурлакот може да им се случи и на најдобрите. Кога еден пијалок по работата ќе прерасне во неколку коктели, утрото потоа може да биде и тоа како тешко. Сува уста, главоболка, и мачнини се некои од најпознатите симптоми кои укажуваат дека сте испиле премногу.

Избегнувајте поијалоци кои содржат конгенери

Истражувањата покажаа дека конзумирањето на појалоци со високо ниво на конгенер може да ја зголеми зачестеноста и тежината на мамурлакот. Конгенерите можат и да го забават метаболизмот и така да ги продолжат симптомите на мамурлакот, Џин, рум и водка, не содржат речиси никакви конгенери, додека текилата, вискито и коњакот не се најпаметен избор, пишува порталот „Body and Soul“.

Изедете обилен појадок

Колку и да не ви е до храна, силниот појадок го лечи мамурлакот.

Спијте

Недостатокот на сон не предизвикува мамурлук, но може да ги направи симптомите полоши. Науката докажа дека спиењето може да помогне при ублажување на симптомите на мамурлакот и ги прави поподносливи.

Пијте вода

Алкохолот дехидрира, па утрото пијте што повеќе вода. Нека вашиот избор биде само негазирана вода, а во текот на денот можете да додадете неколку капки лимон. Ќе се освежите и ќе ви биде подобро.