Вака изгледаше Памела Андерсон пред бројните пластични операции


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Оние кои растеа во ’90-те години сигурно ја паметат Памела Андерсон со нејзиниот бомбастичен изглед од улогата во серијата „Чуварите на плажата“ (Baywatch), како една од жешките и сексапилни спасителки.

Денес, во 50-те години од животот, Пам уште има добро одржана линија. Сепак, не е на одмет да се потсетиме како овој секс симбол и Плејбој зајачица изгледаше на почетоците од нејзината кариера, пред бројните пластични операции на кои се подложи во текот на животот.

Иако цел свет знае за хируршката интервенција со импланти за зголемување на нејзините гради, таа мудро молчеше за останатите „пластични“ корекции.

„Не се противам на пластичните операции. Она што го променив засекогаш ќе остане со мене, но не сакам ништо повеќе“, изјави таа за Life And Style Mag.

„Имам прекрасни повозрасни примери во мојот живот, вклучително и мојата прекрасна мајка. Стареењето не е крај. Знам дека пред мене има уште многу работи на кои можам да се радувам“, изјави бившата Плејбој зајачица при споменатото интервју.

Сепак, актерката изгледа не се држела цврсто до своите одлуки. Кога ќе споредите колку се променила до денешен ден, тешко е да го поврзете нејзиниот сегашен изглед со оној младешкиот од почетоците на нејзината кариера.