Вака изгледаат уништени 2 милиони евра (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Ferrari“ го слави својот 75-ти роденден. По повод одбележувањето на овој значаен јубилеј се организираат настани во различни делови на светот. Една од нив беше и аматерската „планинска трка“ во Швајцарија.

Бројни сопственици на автомобили на овој италијански производител можеа да го тестираат потенцијалот на своите возила на затворена рута составена од 12 кривини. За жал, не сите се вратија дома со автомобилите во состојбата во која беа пред да почнат да возат.

Еден од нив навистина немал среќа. Сопственикот на „Ferrari F40“ изгубил контрола над својот автомобил вреден околу 2 милиони евра во една од кривините. Скапиот автомобил се лизнал и удрил во оградата.

За среќа, ништо сериозно не се случило со возачот, но за автомобилот ќе биде потребна многу скапа поправка. Целиот преден дел од автомобилот е оштетен.

Овој легендарен модел е придвижуван од 2.9 V8 мотор со два турбополначи. Возачот има на располагање 478 коњски сили а автомобилот од 0 до 100 км/ч забрзува за 4,1 секунди. Неговата максимална брзина е 324 км/ч.

„Ferrari F40“ е произведуван од 1987-1992 година. Во тој период се направени само 1.315 примероци.