Вака изгледаат нозете после 2.892 километри извртени со велосипед


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Познатиот полски велосипедист Павел Пољански на Инстаграм објави фотографија од состојбата на неговите нозе после 2.892 изминати километри со велосипед.

Измнинатите 18 дена Пољански возел велосипед со брзина која малку кој од обичните луѓе би ја издржал. Учесникот на најпознатото велосипедско натпреварување Тур де Франс, на Инстаграм објави фотографија од своите нозе и колена после напорните и жестоки етапи кои се возат на оваа велосипедска трка.

A post shared by Paweł Poljański (@p.poljanski) on

„После 16-та етапа мислам дека моите нозе изгледаат малку уморно“; напиша Пољански под фотографијата.

Роб Хејлс, бившито британски шампион во велосипедизам, прокоментира дека нозете од полскиот велосипедист изгледаат „прилично екстремно“, но дека за таквата состојба постои разумно објаснување.

„Иако врвната сила на тркачите е голема, исто таква е и нивната тежина. Поради тоа тие не е се баш најдобри качувачи. Постои баланс кој мора да се постигне помеѓу тежината и силата. Како што можете да видите на фотографијата, колку помалку маснотии на телото од велосипедистот, толку е поголема неговата шанса за подобро возење. На некои велосипедисти не им е проблем да ја симнат вишокот тежина, додека на други им е проблем тоа“, појасни Хејлс