Вака изгледаат и функционираат неуништливите гуми на Michelin


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


The Uptis Prototype беше големиот и револуционерен исчекор во визионерскиот пристап на Michelin за концептот VISION кој беше промовиран на саем во 2017 година. Истиот е фокусиран кон истражувањето и развојот на стратегијата на Michelin за самоодржлива мобилност.

Денес, The Uptis Prorotype беше реконструиран за денешните патнички возила и е одлично адаптиран за разновидни форми на мобилност. Возилата, независно дали се автономни, целосно електрични, или од било кој друг вид, во иднина целосно ќе бидат независни и самоодржливи во поглед на пневматиците, па сопствениците нема да имаат никаква одговорност и обврска за редовно сервисирање на истите.

Michelin и General Motors, исто така, најавија заеднички истражувачки договор според кој двете компании го прифаќаат споменатиот проект како заедничка цел која планираат да ја имплементираат на патничките возила најрано во 2024 година.

The Michelin Uptis Prototype беше тестиран на Chevrolet Bolt EV, на тест зоната од General Motors, Milford Proving Ground, во Милфорд, Мичиген. Од General Motors се заинтересиран да ја развијат оваа безвоздушна футуристичка концепција за тркала и да ја промовираат најрано во 2024 година.