Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Доработен и засилен Порше Кајен Турбо со скоро 1.000 коњски сили, ја пушти во погон сета своја сила и моќ на една делница на автопат во Германија.
Порше Кајен Турбо е вистински ѕвер меѓу „SUV“ моделите, со фабрички 550 коњски сили и максимална брзина од 286 км/ч. Тоа сепак не ја спречи германската тјунерска фирма „HGP Turbo “, да го модификува овој автомобил и да извлече нов максимум од него.
Кајен Турбо со модификациите доби дополнителна сила, па сега неговиот 4.0 литарски „V8“ твин турбо бензински мотор испорачува дури 962 коњски сили, а максималната брзина е околу 330 км/ч.
Овој ѕвер ја ослободи својата сила на една делница на автопат во Германија, погледнете како тоа изгледа (вистинскиот тест е на околу 11-та минута и некоја секунда од снимката).