Вака изгледа животот на „најмалиот населен остров на светот“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Островот се вика Just Room Enough, а познат е и како Hub Island. На него има место само за скромната куќа изградена од неговиот сопственик, неколку стебла и една многу мала плажа. Светски стана познат откако беше прогласен за најмал населен остров на светот.

Овој мал дел од архипелагот Thousand Islands во Северна Америка му припаѓа на Њујорк и се протега на само 310 метри квадратни. Тоа бил купен во 50-тите години од семејството Сизаленд, но тие никогаш не очекувале дека ќе стане меѓународно призната атракција.

Иронично, иако семејството Сизаленд никогаш немало намера нивниот дом да биде толку славен, тие сепак одиграа своја улога во тоа. Имено, за да може нивното парче земја да се препознае како остров, мораше да исполни некои услови – требаше да биде поголем од една квадратна стапка (0,09 м2), да биде цела година над вода и да има барем едно дрво. Дрво недостасуваше, па го засадија, пренесува Oddity Central.

Она што не очекуваа беше дека ќе влезат во Гинисовата книга на рекорди, со што официјално ќе се здобијат со статус на најмал населен остров во светот.