Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Многу светски познати милијардери се и родители кои своите деца ги одгледуваат како и сите други нормални луѓе, но само со неколку нули повеќе на сметката.
Децата на овие милијардери по многу нешта имаат слично детство со останатите свои врсници од цел свет, но исто така, отворени им се некои врати кои за останатите не се баш ни достапни.
Американскиот бизнисмен Марк Кубан има три деца – Алексис, Алиса и Џејк, кои живеат во луксуз каков нивните врсници можат да гледаат само на филм. Се возат во приватни автомобили, летаат на луксузни места, а кога им е досадно, тато ги носи во Дизниленд.
Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг има две ќерки – Максимa и Август. Марк е прилично посветен на своето младо семејство, а во декември минатата година се повлече од работа за да поминува повеќе време со нив. Фејсбук како компанија, инаку, дава породилно боледување еднакво и за татковците исто како и за мајките.
Илон Маск има пет сина со својата прва сопруга Џастин Вилсон. Нивното прво дете, девојче, беше родено мртво, а потоа парот, по пат на вештачко оплодување во 2004 година, ги доби близнаците Грифин и Ксавиер, а две години подоцна и тројката Демијан, Саксон и Каи.
Маск за своите клинци има создадено тајна експериментална школа Ad Astra, за која малку се знае во јавноста, пишува Business Insider.
Милијардерот Ричард Бренсон има две возрасни деца – Холи и Сем. Холи заврши медицинска школа, а потоа почна да работи во организацијата од својот татко. Иако одлично се најде во бизнис светот, Холи имаше големи проблеми со обидите да стане мајка. После два спонатани абортуса и две пропаднати вештачки оплодувања, Холи и нејзиниот сопруг Фреди Ендрус во 2014 година станаа родители на близнаци.
Таа инаку живее одличен активен и динамичен физички живот – се има искачено на Мон Блан, трча маратони, се обиде да сруши рекорд во едрење, а се пријави и за патување во вселената.
Нејзиниот брат Сем во 2013 година, во речиси „кралска“ венчавка, се ожени со сопругата Изабела, а досега имаат три деца. Исто како и сестра си, и тој работеше во бизнисот од нивниот татко, а основаше и сопствена продукциска компанија Sundog Pictures.
Бил Гејтс има три деца – Џенифер, Рори и Фиби. Најголемата Џенифер студира биологија и планира да се посвети на здравствената професија или на социјална работа. Се занимава и со јавање во кое има освоено многу награди, а Бил во една прилика купи цела улица во Велингтон, на Флорида, за неговата миленичка да има каде да вежба со коњот. Тоа го чинеше 37 милиони долари, пишува Business Insider.
Рори неодамна наполни 18 години, а заврши приватна школа во која моментално учи и неговата помала сестра Фиби. Иако нивниот татко „тежи“ повеќе од 90 милијарди долари, децата од Гејт ќе наследат само мал дел од тоа богатство, додека остатокот тој планира да го даде во добротворни цели.