Вака изгледа смртта: VR програма преку која можете да го искусите умирањето


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Уредот кој симулира вонтелесно искуство со помош на виртуелна реалност може да им овозможи на луѓето да доживеат „смрт“ без умирање, тврди неговиот иноватор.

Outrosectre е дизајниран за пружање терапија на терминално болни пациенти во болниците, дозволувајќи им да живеат без чувството за умирање. Соочувајќи се со сопствената смртност и запознавајќи го чувството поврзано со смртта, ова би можело многу да го намали стравот од реалната смрт.

Експерименталниот уред е дело на холандскиот дизајнер Франк Колкман, кој има дипломирано на Royal College of Art во Лондон во 2015 година. Наместо да создава виртуелен свет со компјутерска графика, програмата бележи видеоснимки од реалниот свет.

Пациентите стојат пред роботска глава која е опремена со 3D камера во секое око и поставена на патека која овозможува поместување напред и назад. Носејќи VR слушалки, корисникот може да гледа околу себе, додека камерата се оддалечува од неговото тело.

Четворица од пет луѓе кои ја тестирале опремата известуваат за искуство на физичко преместување или присутност на друго место, според наводите на De Zeen. Неколкумина дури биле и на две места истовремено.

Во интервју за списанието, Колкман вели: „Стравот и искусвото на смртта се занемарена тема. Ако почнеме да ги лечиме нашите трауми околу смртта, тоа би можело да значи дека и самиот процес на умирање ќе стане поподнослив“.

„Во развиениот свет, повеќето луѓе умираат во болница или во старски дом, што смртта ја претвора во медицинско искуство. Но, лекарите се обучени за спасување и продолжување на животот, а не за смртта. Едноставни им недостига алатка“, вели тој.

Роботската глава може да се поместува, што им овозможува на носителите на VR слушалките да гледаат наоколу и да ја истражуваат собата околу себе. Исто така, опремена е со микрофони, а корисникот носи слушалки, што значи дека звучните сигнали кои ги прима, исто така, се одвоени од телото.

За да се додадат повеќе физички елементи на самото искуство, чеканче кое го допира корисникот го симулира отчукувањето на срцето. А огледалото на крајот од патеката ги шокира корисниците од нивната надворешна илузија од телото, соочувајќи ги со сликата од нивните роботски рефлексии.

„Outrospectre е експериментален предлог за медицинска опрема која има за цел да ги помири луѓето со нивната смртност низ симулирачко вонтелесно искуство“, додава Колкман.