Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Научниците од астрономската опсерваторија во Чиле потврдија дека ја направија првата фотографија на планета во формирање во орбитата од една ѕвезда со помош на многу голем телескоп на Европската јужна опсерваторија во Чиле.
Миријам Кеплер од германскиот институт за астрономија ,,Макс Планк” изјави дека делчиња од новородени планети биле детектирани и претходно , но дека астрономите не биле сигурни дали станува збор за формирање планета или за вртлози вселенска прашина.
Во стручното списание Astronomy & Astrophysics научниците ја опишуваат планетата на околу три милијарди километри од ѕвездата PDS70, како џин од гасови , со големина поголема и од Јупитер .