Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пред некое врмее, на фамозниот руски Црвен плоштад, беа забележани неколку кабриолет изведби на руската претседателска лимузина Аурус, како дел од подготовките за големата воена парада на 9 мај.
Сѐ уште нема многу информации за моделот, но на видеото се гледа дека кабриолетот ги следи стапките на седанот сенат, разликата е во вратите (кабриолетот има само две долги врати) и во уникатниот заден дел.
Руската телевизија Звезда објави и дека висината на автомобилот е 20 милиметри пониска во споредба со седанот.
Ентериерот е главно пресликан, но кабриолетите кои се користат за парадата имаат неколку модификации. Тука влегуваат отстранетото совозачко седиште и инсталирање рачка за држење која ја користат луѓето кои стојат. Автомобилите за парадата имаат и микрофони и внатрешноста е обложена со специјален водоотпорен материјал во случај на дожд.
Исто како и моделот аурус сенат, кабриолетот има хибриден V8 мотор со 590 коњски сили во комбинација со деветбрзински автоматски менувач кој силата ја пренесува на погонот на сите тркала.
Сѐ уште не се знае дали аурус кабриолет ќе може да го купат обичните луѓе, а ако тоа се случи, би бил интересна конкуренција на ролс ројс дон.