Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дека кучето не само што е најдобриот пријател на човекот, туку и негов чувар, сведочи и случајот од Аризона.
Златниот ретривер, Тод тргнал во долга прошетка со својата газдарица Паула Годвин, но, но текот на планинарењето наишле на змија звечарка.
„Беше тоа прекрасно утро и се симнувавме низ стазата кога речиси ќе нагазев звечарка. Но, моето херојско куче, Тод ме спаси. Излезе веднаш пред мојата нога каде змијата сигурно ќе ме каснеше. Вака изгледа херојот“, напиша Паула на својот фејсбук профил.
За жал, неговиот херојски чин не се заврши баш најдобро. Звечарката го гризна за неговата уста поради што десната страна и тоа како му е потечена.
Но, Тод брзо е однесен кај ветеринар каде добил соодветен лек и се очекува да закрепне потполно. Паула по овој инцидент покренала и кампања за собирање на пари за секое куче кое ќе налета на змија, да може да добие брза и соодветна терапија.
Храбриот мал Тод, од својата газдарица добил и мантија поради својот херојски чин.