Home Вебкафе Вака изгледа букет од 52.000 долари

Вака изгледа букет од 52.000 долари

Еден дарежлив Кинез својата девојка за роденден ја изненадил со букет направен од банкноти во вредност од 320 илјади јуани, односно 52. 300 долари.

Како што пишува „Чонгпинг Морнинг пост“ мажот направил огромен букет од банкноти во облик на срца, кои и ги подарил на девојката. Седум лица повеќе од 10 часа поминале во изработка на овој букет.

Иако неговата девојка многу се израдувала на подарокот, мажот би можел да биде казнет поради обвинение дека „нанел навреда“ на домашната валута, која според кинескиот закон мора да се чува.

Сепак, многу луѓе преку социјалните мрежи навеле дека ова е многу убав начин да се израдува девојката или саканата личност, додека некои веруваат дека можел да подготви многу поедноставен подарок.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Шест години без Карл Лагерфелд: Најпознатите цитати на модниот гениј

“`html Карл Лагерфелд беше уникатен во секој аспект од својот живот Неповторлив, дух…