Вака Хрватска ја прегази Аргентина на Светското првенство во 2018 година (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вторпат во низа Хрватска ќе игра полуфинале на едно Светскот првенство, а третпат ќе се бори за медал после бронзата во 1998 и среброто во 2018 година.

Противник на Хрватска вечерва ќе биде Аргентина предводена од Лионел Меси кој игра одличен Мундијал и на 35 години. Ова веројатно е последно СП за Меси, но е последно и за Модриќ, па затоа и Хрватска сака да го испрати својот великан на најдобар начин.

Минатото СП во Русија Хрватска и Аргентина се сретнаа во групната фаза, а славеа „коцкестите“ со 3:0. Но, треба да се знае дека од тој натпревар до денес има големи промени. Хрватска ги нема два од трите стрелци, во репрезентацијата не се Анте Ребиќ и Иван Ракитиќ.