Вака го прават тоа Јапонците


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Испуштањето на гасовите што предизвикуваат ефект на стаклена градина во Јапонија минатата година падна на рекордно ниско ниво, покажуваат бројките што денеска ги објавија јапонските власти.

Во минатата финансиска година што завршува на 21 март забележан е пад на емисијата гасови од 5,1 отсто, што е последица на забавената индустриска активност во земјата предизвикана од епидемијата на корнавирусот, но и од зголемената употреба на енергија од обновливи извори.

Седма година по ред Јапонија бележи пад на емисијата штетни гасови, од 1,21 милијарда метрички тони јаглероден диоксид во 2020/21 година на 1,15 милијарди тони минатата година.

Нивото на емисија на гасови во 2020/21 е најниско од 1990/91 година кога Јапонија и почна да ги бележи податоците.

Јапонија, која е петта економија во светот според висината на испуштени гасови во атмосферата, во април минатата година го подигна зацртаниот праг за намалување на емисијата штетни гасови до 2030 година на 46 проценти наместо претходно зацртаните 26 проценти.

Доколку биде постигната целта, тоа ќе значи намалување на емисијата гасови на 0,76 милијарди тони.

„Иако емисиите се намалуваат седум години последователно, се уште сме далеку од постигнување јаглеродна неутралност и не можеме да бидеме оптимистични”, изјави пред медиумите Масајуки Коива, директор во ресорното Министерство за животна средина.Тој посочи дека доколку Јапонија сака до 2050 година да постигне јаглеродна неутралност ќе мора максимално да ги користи обновливите извори на енергија.

Во насока на исполнувањето на целите зацртани за до 2030 година, Министерството ќе работи на промоција на искористување на соларната енергија како брзо применлива технологија.

Емисиите на јагледорден диоксид во Јапонија се покачија по нуклеарната катастрофа во Фукушима, што доведе до затворање на нуклеарните реактори во земјата и зголемена употреба на фосилни горива, но сепак бележат намалување од рекордот регистриран во 2013/14 година со испуштени 1,41 милијарда метрички тони.

Јапонските власти подоцна рестартираа десет нуклеарни реактори што е најмногу по инцидентот во Фукушима, од кои моментално се оперативни само пет.