Вака би изгледала Венера ако на неа имаше вода


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На Венера е толку топло, што би можеле да стопите олово. На планетата има и облаци со сулфурна киселина, а нема вода. Тоа е едно од најнепогодните места за живот во нашиот Сончев Систем. Но научниците мислат дека пред неколку милијарди години на неа можеби имало океани и живот.

Корисникот на „Редит“ Драгонајт-2 создал мапа од планетата доколку на неа има океани. Тој користел податоци од површината на Венера.

Дали мапата е точна? Венера е покриена со густи облаци, па не може да ја видиме нејзината површина, но добиваме податоци за топографијата на Венера од вселенско летало кое кружи околу неа. Драгонајт-2 ги користел овие податоци за да ја направи мапата.

Радарските слики од Венера покажуваат дека на неа има планини, вулкани и други порамни региони. Како што се гледа од новата мапа, на Венера би имало еден голем континент на северната хемисфера доколку имаше вода. Научниците веќе имаат име за континентот – Иштар Тера. Тој е голем речиси колку Австралија, а на него се наоѓа и највисоката точка на Венера – планината Максвел Монтес.

Има и втор голем континент кој научниците го нарекуваат Афродит Тера, кој се наоѓа по должината на екваторот. Тој е голем приближно колку Јужна Америка. На мапата се гледаат и помали континенти и острови кои би биле расфрлани низ океаните на Венера.

Сепак, оваа мапа не е реалистична бидејќи на Венера не може да постои океан поради екстремните услови. Освен тоа, површината на планетата би била различна доколку на неа имаше вода поради разни ерозии и други природни процеси, велат научниците.