Славни

Вака би изгледал Доналд Трамп со нормална коса

Годината на изминување, меѓу другото, најмногу ќе ја паметиме по доаѓањето на власт на Доналд Трамп во САД, а една од темите за кои најчесто се расправало и во минатото, па и денес, е неговата необична фризура.

Иако многумина тврдат дека станува збор за toupée (додаток на коса, природна или вештачка, со цел да се покрие недостатокот на коса), Трамп во една прилика дозволи на една новинарка да го повлече за коса и да се увери за што станува збор.

Тогаш беше утврдено дека неговата коса е реална, но тоа не ги запре коментарите и телевизиските скечови во кои актерите си прават мезе со него и неговата фризура.

И додека Доналд не се откажува од својата гломазна и чудна фризура, некој на Твитер одлучи да провери како би изгледал американскиот претседател ако го доведе малку во ред со неговата коса. Твитерашот Мат Стагс објави фотошоп фотографија од Трамп со фризура соодветна и природна за неговите години. Еве што испадна.

Трамп можеби нема баш најдобро да го прими тоа, со оглед на фактот колку е суетно чувствутелен кога станува збор за неговиот изглед (на пример, колку се навреди кога Ким Јонг-ун го нарече стар).

„Зошто Ким Јонг-ун ме нарекув астар, кога јас никогаш не би го нарекол него низок и дебел. Ах, се трудам да бидам негов пријател, можеби еден ден и ќе се случи тоа“, напиша тогаш Трамп на Твитер.

***

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top