Вака „бесниот бајкер“ Дени Мекаскил чува деца (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Да стануваше збор за обичен/на бејбиситер/ка, можеби ќе продолжеа да читаат со малата сликовници по дома или ќе играа нешто низ куќа. Или можеби ќе ја шеташе малата низ парк, ќе ја возеше со количка, ќе ја носеше на нишалки, можеби во зоолошка, и ќе правеа слични нормални и обични (конвенционални) активности.

Но, кога ќе му оставите на чување дете на бесен и луд „бајкер“ како Дени Мекаскил, сето тоа паѓа во вода и не доаѓа предвид. Тука мора да има комбинација од адреналин и забава, безбедност за малата, истовремено возбуда и уживање во нешто ново, предизвикувачко, несекојдневно и необично.

Нормално, во игра е велосипедот и овој пат и една количка за мали деца на едно тркало, прицврстена за велосипедот од Дени. Кога е сето тоа така стокмено, малата е чучната во своето удобно и безбедно седиште и затворена во церадната корпа – возењето може да почне.

Изненадувањето следува на крајот, бидете спокојни. 😀 😉