Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Американскиот филмски могул и продуцент кој своевремено го држеше во рака Холивуд, Харви Вајнстин, беше прогласен за виновен за силување и сексуален напад врз две жени, по што веднаш со лисици на рацете беше однесен во затвор.
67-годишнито Вајнстин со резигниран израз на лицето ја слушал пресудата поради која може да добие казна затвор до 29 години.
Тој е осуден по обвинението за сексуален напад во 2006 година и за силување во 2013 година. Осуден е по помали обвиненија за силување од трет степен и сексуално кривично дело од прв степен.
На поротата на Врховниот суд во Њујорк составена од седум мажи и пет жени ѝ требаше пет дена за да донесе пресуда. За ова кривично дело затворската казна е од 5 до максимум 25 години затвор.
Поротата, сепак, го прогласи за невин за најтешките точки од обвинението против него, за две кривични дела – предаторски сексуален напад, за кој е предвидена казна доживотен затвор и силување од прв степен.
Должината на казната која е одредена за Вајнстин не е веднаш соопштена, изрекувањето на пресудата е закажано за 11 март. Судијата Џејмс Бурк, веднаш откако е изречена пресудата, побарал Вајнстин да биде спроведен во затвор.
Тој допрва треба да се соочи со обвинувањата за силување и сексуален напад врз две жени во 2013 година.
Меѓу оние кои сведочеа беа и продуцентката Мими Хејли и актерката Анабела Скиора, која се прослави во серијата „Сопранови“. Самиот Вајнстин не сведочеше, додека неговите адвокати тврдеа дека секој сексуален контакт за кој го обвинуваат бил со одобрение.