Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тестото за палачинки може да биде подготвено на многу начини, а и лесно во него се додаваат и други елементи. Како и да е, сеуште постои разлика помеѓи вафлите, нормалните палачинки и американските палачинки.
Денес палачинките се јадат секаде низ светот, а имаат и интересни имиња. Кај вафлите, класичните и американските палачинки разлика се забележува во начинот на припрема, додека тестото е скоро исто.
Класични палачинки
Кај нас најпопуларни се овие класични палачинки кои уште ги нарекуваат и „crepes“ палачинки. Овие палачинки се прават од пченично брашно, јајце и млеко. А некои додават и минерална вода во нив.
Се подготвуваат така што течната смеса се тура врз загреано тавче. Се нанесува на целата површина со цел да биде танка и широка.
Во светот се менува начинот на подготовка. Во Франција овие палачинки се изразито танки. А во Русија се додава и квасец, а во Англија се печат наместо да се пржат. А исто се разликува и содржината со која ќе се наполнат овие палачинки.
Белгиски вафли
Вафлите потекнуваат од Белгија, популарни се од 13- ти век, и постојат многу начини на подготовка.
Со обзир на тоа дека се јаделе и подготвувале од луѓе од сите економски категории, вафлите можат да се најдат во различни облици и содржина. Посиромашните користеле јачменово брашно и ставале шеќер на нив. Додека богатите користеле и јајца, масло, шеќер и мед. Во некои земји обликот бил во форма на коцка, но можеле да се сретнат и како палачинки. Начинот на печење порано бил многу комплициран, денес има машини во кои само го ставате тестото и тие ќе го приготват наместо вас.
Американски палачинки како алтернатива за класичните
Американците одлучиле смесата за палачинки да ја прилагодат на свој начин. Па така во смесата за обични палачинки додаваат нови состојки. Покрај брашно, шеќер и јајца кај нив се додава масло и прашок за пециво. Американските палачинки треба да бидат дебели и подолго се печат. Смесата треба да биде доволно густа за да не се распореди низ тавата. Треба да внимавате тавата да не биде премногу загреана, едната страна е готова дури тогаш кога ќе ги снема меурчињата. Се служат со разни сирупи, мед, свежо овошје и слично.