В четврток продолжува снимањето на контроверзниот филм „Rust“ со Алек Болдвин


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Снимањето на контроверзниот „Rust“ со Алек Болдвин во главната улога ќе продолжи во четврток, 18 месеци откако снимателката Халина Хатчинс загина во несреќен трагичен настан за време на снимањето, објавија продуцентите.

Снимањето сега ќе се одвива на локацијата на „Yellowstone Film Ranch“ во сојузната држава Монтана. Пред несреќата се снимаше на филмската локација „Bonanza Creek Ranch“ близу Санта Фе, во Њу Мексико.

Четириесет идвегодишната Хатчинс им подлегна на повредите во октомври 2021 година, откако бише застрелана од огненото оружје со кое ракувал Болдвин вежбајќи сцена од двобој, кој е и продуцент и главна ѕвезда на филмот.

Актерот, кој тогаш ја уби Халина Хатчинс и тешко го раи режисерот Џоел Соуза, изјави дека му било кажано дека во пиштолот „Колт.45“ нема вистински куршуми, коишто според безбедносните прописи не смеат да се најдат на филмски сет.

Болдвин е обвинет за убиство од небрежност, а се изјасни дека не е виновен. Под истрага е и Хана Гутерез-Рид, одговорното лице за оружје на сетот. Доколку бидат прогласени за виновни, им се заканува до 18 месеци затвор и парична глоба од 5.000 долари. Прелиминарното рочиште би требало да започне во мај.

Дејв Халс, координатор за безбедност и помошник на режисерот, кој му го подал на Болдвин наполнетиот пиштол велејќи му дека е безбеден за филмско користење, постигна договор со обвинителите. Ја призна вината и во март беше осудени на шест месеци условна казна.

„Од продукцијата кажаа дека на сетот отсега ќе биде забрането користењето на секаква форма на муниција“, рекла за AFP Мелина Спадоне, адвокатката на „ Rust Movie Productions“ и потсети дека „вистинските куршуми, боевата муниција отсекогаш се забранети на снимањата“.

Метју Хатчинс, сопругот на убиената снимателка, отсега ќе биде извршен продуцент на филмот „Rust“, а Бјанка Клајн ќе ја преземе улогата на снимателката. Во продукцијата се враќа и режисерот Жоел Соуза, кој закрепна од повредите. Продуцентите ги ангажираа Гари Јенсен и Пол Џордна кои на сетот ќе бидат задолжените за безбедноста.

Несреќата предизвика шок во Холивуд и резултираше со повиците на јавноста за целосна збрана за користењето на вистинско оружје во секоја форма на снимањата. Стручњаците од филмската индустрија тврдат дека и порано постоеја строги безбедносни правила, но дека често биле пренебрегнувани.