Ужива на егзотични места, зема повеќе пари од претседателката и премиерот, а народот плаќа – еве која е таа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Државната агенција за осигурување на штедни влогови и санација на банките (DAB) во Хрватска има сè на сè 20-тина вработени, а она што таму боди очи е платата и однесувањето на нејзината шефица Марија Хребац.

Иако нејзиниот мандат е истечен пред една година, таа и понатаму е на чело на агенцијата, а зема плата која е поголема од оние на претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ и премиерот Пленаковиќ.

На чело на агенцијата Хребац дојде уште во време на министерот Линиќ, а оттогаш веќе два пати е казнета за судир на интереси. Имено, таа беше во надзорниот одбор на Croatia банката и фирмата Сунчани Хвар.

Таа предвидела да потроши 240.000 куни (околу 32.500 евра) во една година само на сместувања и патувања, и тоа само за своите патување. Хребац отседнувала во луксузни хотели на егзотични острови, вози службен автомобил Volvo S60, а на службената картичка која ја има на располагање, во еден месец направила трошок од над 2.500 евра.

Интересно е дека трошоците од директорката на DAB се поголеми од оние на некои од министрите. На пример, министерот за финансии Здравко Мариќ, во една година на службената картичка потрошил 4.724 куни (635 евра), сума која Храбац ја надминала плаќајќи само еден ручек во март 2015 година. Истиот тој месец, покрај сметката за еден единствен ручек од 5.198 куни (700 евра), таа на службената картичка потрошила повеќе од 18.000 куни (2.420 евра). Трошоците во други ресторани и барови, исто така, се високи, на пример оној од 2.500 куни (околу 340 евра) во загрепскиот Johann Franck.

Минатата година примала плата од околу 23.000 куни, која после даночните реформи рипна за уште 1.000 или 2.000 куни. Колку за потсетување, премиерот Пленаковиќ тогаш земаше плата од 18.000 куни, а претседателката Колинда земаше 22.700 куни.

Не штеди на луксузни патувања, а им ја намалува платата на чистачките

Кога станува збор за патувањата, од DAB велат дека таа е единствената која патува, а во текот на две години ги посетила Тринидад и Тобаго, Лондон, Сеул, Букурешт, Варшава, Брисел, Атина, Прага, Дуброовник, па дури и Мајами, секогаш сместувајќи се во луксузни хотели.

И додека не штеди на патувања и ресторани, Хребац истовремено им ја крати платата на чистачките, а му даде отказ на еден синдикалец, додека вработените поради неа одат на боледувања, истакнува застапникот на „Живиот ѕид“, Бранимир Буњац, кој ги повика министерот и премиерот „да ги расчистат стварите“ со неа.

Агенцијата нејзиниот службен автомобил го плати 200.000 куни (скоро 27.000 евра), плус ДДВ, а уште 40.000 куни (5.380 евра) годишно плаќа за закуп на паркинг место во Загреб.

Хребац: Не сум го направила тој трошок сама

Директорката Хребац своите трошоци ги објаснува со тоа дека сите нејзини патувања се од службена природа, како и дека е обврзана да учествува во нив. Додава дека трошоците на службената картичка не се само нејзини.

„Агенцијата има само една службена картичка која гласи на име на директорот, а се кориси за подмирување на трошоците за сите вработени, а не само на оние од директорот“, вели таа.