Advertisements
Вебкафе

Ужасната вистина за куферот кој една „влогерка“ случајно го сними на нејзиното патување

Една „влогерка“ на нејзиното патување на Кипар, случајно сними еден куфер во езеро кој испадна дека крие бизарна и ужасна приказна.

„Влогерката“ Сара Фанк од Њујорк, уште пред две години, го посети езерото во близина на еден напуштен рудник западно од Никозија, каде случајно сними еден ковчег фрлен во езерските води (околу 02:08 минута на нејзиното видео).

Ковчегот кој се гледа на нејзината снимка од патувањето на Кипар, би можел да биде поврзан со ужасната приказна и признание на еден сериски убиец. Осомничениот убиец пред неколку дена признал дека убил седум луѓе. Пред полициските службеници тој призна дека некои од своите жртви ги ставал во куфери и ги фрлал во езерото кое стана популарна дестинација за Инстаграм блогерите.

„Вака изгледаат епизоди за убиства“ се слуша гласот на нејзиниот партнер Луис Јанес која на шега го кажува тоа на снимката. И Фанк додава дека „чувствува мирис на смрт во воздухот“, поради што нејзиното видео сега многумина го гледаат со други очи.

После веста за признанието на убиецот, Фанк се огласи на нејзиниот блог со фотографии од ковчегот, притоа замолувајќи ги нејзините следбеници да не ја бараат со прашања за таа тема.

„Ова е ужасно и потресена сум поради семејствата на жртвите“, напиша таа. „Чувството беше малку бизарно, но не видов ништои ненормално…немам други информации за езерото. Тоа се сите информации кои ги имам и се надевам дека ќе помогнат во случајот“, додаде таа.

The Guardian известува дека досега се пронајдени четири тела на жртвите од убиецот, но забележува дека островот има „неброено“ нерешени случаи поврзани со исчезнати мигрантки.

Advertisements

Најпопуларно

To Top