Ужасна слика од Аргентина: Претепан судија лежи полу мртов (фото)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фудбалот во Аргентина е голема страст и навивачите често се во главна улога, па не ретко се случуваат нереди како на трибините, така и на теренот.

Ужасната слика која го обиколи светот доаѓа од втората аргентинска лига од натпреварот помеѓу Јувентуд Пергамино и Индепендиенте. Имено, гостите победија со гол во последната минута, па навивачите на Јувентуд влегоа на теренот и ги нападнаа судиите.

Тамошните медиуми пренесуваат дека полицијата и обезбедувањето реагирале многу бавно, па тројцата судии биле претепани и веднаш пренесени во болница со тешки телесни повреди.

Сликата која го обиколи светот е од бањата во соблекувалната каде арбитарот Бруно Амикони седи облеан во крв и во полу свесна состојба.