Актуелно

Ужасна глетка: Се преврте македонски автобус кај Лесковац – тројца загинати!

Тројца загинаа во тешката сообраќајна несреќа ноќеска околу 1.40 часот, кога на влезот во Лесковац, Србија се преврте македонски автобус кој сообраќал од правецот Скопје кон Белград. Во болницата во Лесковац префрлени се 28 повредени патници, а во Ниш четворица. Според началникот на Хирургија во Лесковац, автобусот тргнал од Прилеп синоќа околу 20 часот и возел за Виена. Автобусот е превртен на страна и точната бројка на загинати и повредени уште не се знае, оти возилото уште не е исправено.

Српските спасувачки екипи на лице место затекле страшна глетка. Прво беа испратени два тима од медицинската помош, но по увидот на теренот, испратени се уште три за да им помогнат на повредените.


Неофицијално тој влегол во снежна бура по што излизгал и се превртел.

-Автобусот беше превртен, тројца патници не даваа знаци на живот. Екипите на Итна помош од Лесковац кои стигнаа први на лице место им укажаа помош на повредените и направија тријажа. Имаше патници кои беа заробени во автобусот. Нив ги ослободија припадниците на пожарникарската служба. Најтешко повредените ги транспортиравме во Ниш. Еден од пациентите кој е прв згрижен, имаше симптоми на скршен череп, – изјавил доктор од Итната помош од Ниш за српски Блиц.

Во тек е полицискиот увид и утврдување на причините за несреќата.

Advertisements
To Top